
Фудбалерот на Астон Вила, Николо Заниоло, нема да игра за репрезентацијата на Италија на Европското првенство во Германија.
Тој го повреди стапалото во претпоследното коло од Премиер – лигата против Ливерпул, и ќе му треба време да се опорави.
Италијанецот влезе во игра во 65. минута, за да биде заменет 14 минути подоцна. По снимањето и лекарскиот преглед било утврдено дека се работи за тешка повреда, поради што мора да отсуствува од терените најмалку еден месец.
Заниоло го пропушти и претходното Европско првенство кога Италија ја освои титулата, поради повреда на коленото.
Италија е во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска и со Албанија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
