
Наполи преговара со 26-годишниот напаѓач на Кристал Палас, Жан-Филип Матета, тврди авторитетното француско издание „Л’Екип“. Според изворот, раководството на наполитанскиот клуб во Матета гледа замена за нигерискиот напаѓач Виктор Осимен, кој речиси сигурно ќе го напушти Наполи по завршувањето на сезоната.
Се нагласува и дека Осимен е поблиску до преселба во некој од клубовите од Премиер-лигата, отколку до францускиот гигант Пари Сен Жермен, со кој во последните месеци активно беше поврзуван.
Матета оваа сезона забележа 38 настапи во сите натпреварувања и постигна 16 гола, додавајќи и четири асистенции. Актуелниот договор на играчот со Кристал Палас е до крајот на сезоната 2025/26. Вредноста на фудбалерот проценета на околу 10 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
