Connect with us

Сити го прегрме Лондон: Халанд со два гола го урна Тотенхем (ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Тотенхем со 0-2 на гости во Лондон и со два бода предност пред Арсенал влегува во последното коло од Премиер – лигата овој викенд. „Граѓаните“ се сега многу блиску до одбрана на титулата, со оглед дека ќе го пречекаат Вест Хем на „Итихад“ за крај на шампионатот.

Манчестер Сити ги загуби четирите последни натпревари на гости против Тотенхем, но вечерва Ерлинг Халанд со два гола го урна домаќинот. Во 51. минута тој ја круниса одличната акција на Де Бруин и погоди од непосредна близина, а во 90.минута реализираше и пенал по прекршокот над Доку.

Тотенхем не беше без шанси, па херој е и резервниот голман Стефан Ортега, кој влезе во вториот дел на местото на Едерсон, и успеа да одбрани три зицери, двапати на Кулушевски и супер-шансата на Хјонг – Мин Сон кој излезе сам пред чуварот на мрежата на Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови