
Поранешниот македонски репрезентативец Иван Траичковски става крај на авантурата во АЕК Ларнака. Неговиот договор со кипарскиот клуб истекува на крајот од сезоната и нема да биде продолжен, а Тричко ќе бара нов предизвик.
Тој заминува од АЕК Ларнака како вистинска клупска легенда која засекогаш ќе остане во историјата на овој клуб. Тричко дојде во АЕК Ларнака во 2016 година, одигра 295 натпревари за клубот и постигна 147 гола во сите конкуренции.
Иван Тричковски испиша историја како најдобар стрелец на кипарските клубови во европските натпреварувања и најдобар стрелец на АЕК Ларнака со 21 гол во меѓународните мечеви.
Токму затоа и АЕК Ларнака му се заблагодари на посебен начин. Клубот му понуди на Иван Тричковски директорска позиција, а искусниот фудбалер треба да одлучи дали ќе прифати да ја заврши кариерата. Сепак, Тричковски најверојатно ќе продолжи да игра.
𝐓𝐇𝐀𝐍𝐊 𝐘𝐎𝐔 𝐂𝐀𝐏𝐓𝐀𝐈𝐍
— AEK Larnaca (@AEKLARNACA) May 14, 2024
Διαβάστε εδώ: https://t.co/SKwnuGOJx9 pic.twitter.com/jzw5ISC0xA

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Важен триумф за Валенсија (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд
