
Македонскиот прволигаш Брера реализираше трансфер на младиот напаѓач Димитар Трајков во украинскиот тим Полисја од Житомир. Клубот истакна дека тоа е клупски рекорд кога е во прашање продажбата на играчи.
„Димитар Трајков ќе стане нов играч на ФК Полисја од Житомир, Украинa, откако успешно ги заврши медицинските прегледи во овој град и го потпиша преддоговорот со новиот клуб. Трајков во редовите на ,Полисја ќе премине за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица. Младиот напаѓач после направените прегледи во Украина и ставениот потпис на преддоговорот, се враќа во Струмица за да се поздрави со своите колеги и соиграчи и на 1 јули ќе се придружи на новата екипа во Украина на подготовките за новата сезона“, се вели во соопштението на Брера.

Димитар Трајков е среќен поради трансферот в Украина и упати благодарност до Горан Пандев и раководството на Брера.
„Среќен сум што станувам нов играч на Полисја. Во овие три дена се уверив дека овој клуб е вистинскиот за продолжување на мојата кариера и дека овде сериозно ќе сметаат на мене во иднина. Но сепак, сѐ зависи лично од мене. Јас сум подготовен да работам многу повеќе и да го дадам максимумот за новиот клуб. Благодарен сум на Горан Пандев и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица“, изјави Димитар Трајков.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?
