Connect with us

2022 година Бундес – лигата ќе ја отвори со празни стадиони

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека спортските натпревари во земјата од 28 декември ќе се одржуваат без публика поради ширењето на вирусот омикрон. Ова ги опфаќа и натпреварите од Бундес – лигата.


„Меѓурегионалните големи настани повеќе нема да можат да се одржуваат во присуство на гледачи. Ова особено се однесува на фудбалските натпревари“, изјави Шолц.

Следното коло во Бундес – лигата е закажано за 7. јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови