Дури дванаесет играчи на Манчестер Јунајтед се чувствувале лошо ден по натпреварот од Лига Европа со молдавскиот клуб Шериф од Тираспол. Јунајтед минатиот четврток победи со 0-2, па во групната фаза стигна до првата победа и први бодови, откако седум дена претходно во првото коло беа поразени од Реал Сосиедад на „Олд Трафорд“.
Гостувањето во Кишињев играчите на Јунајтед нема да го паметат по добро, иако славеа со головите на Џејдон Санчо во 17. минута и на Кристијано Роналдо во 39. минута.
Дури дванаесет играчи на Манчестер Јунајтед почнале да се чувствуваат лошо во петокот, ден по натпреварот, пренесува британските медиуми.
Сите тие веројатно добиле труење со храна. Поради ова, неколку играчи го прескокнаа тренингот во петокот, а некои ја пропуштија и саботната сесија.
Манчестер Јунајтед можеби имаше и среќа во несреќа, бидејќи нивниот првенствен натпревар против Лидс Јунајтед беше одложен поради национална жалост по смртта на кралицата Елизабета Втора. Не се знае како труењето на играчите би се одразило на тимот доколку требаше да се одигра натпреварот во неделата.
Манчестер Јунајтед се обидува да открие дали играчите добиле труење со храна во Кишињев или од храната од авионот на враќањето во Англија. Засега поголема група играчи заминаа во тренинг камповите на своите репрезентации.
Тимот предводен од Ерик тен Хаг игра се подобро и подобро во Премиер – лигата. По серијата од четири последовни победи се искачија на петтото место на табелата и имаат 12 бода, шест помалку од лидерот Арсенал.
В недела, на 2 октомври, Манчестер Јунајтед ќе го одигра најтешкиот натпревар сезонава, бидејќи за ривал ќе го има градскиот ривал Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal