Connect with us

Зука: Шкупи сака нов триумф над Тиквеш

Шкупи го совлада Тиквеш со 0-1 во Кавадарци во првенствената пресметка, а денеска одново ќе се сретнат на Чаир во осминафиналето од Купот на Македонија. Левиот бек Фисник Зука се надева дека повторно победникот ќе биде ист.


„Остваривме многу важна победа во првенството во Кавадарци, а сега го пречекуваме Тиквеш на нашиот стадион во Купот. Знаеме дека нема да биде лесно, Тиквеш е тим кој се бори во текот на сите 90 минути, но нашата цел е да победиме и да се пласираме во следната фаза. Верувам дека ќе имаме голема поддршка од навивачите и дека ќе ја продолжиме трката за трофеи на два фронта“ изјави Зука.

На останатите натпревари во осминафиналето на Купот се среќаваат: Шкендија – Ренова, Струга ТЛ – Борец, А.Пандев – Македонија ЃП, Вардар – Скопје, Брегалница – Охрид, Беласица – Силекс, Пелистер – Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови