
Бомбастичното интервју на Ромелу Лукаку дека „не е среќен во Челси“, веднаш ја подигна до максимум атмосферата на Апенините. Можно ли е Белгиецот да се врати во Интер во зимскиот преоден рок, е прашањето што си го поставува цела Италија.
„Не сум среќен во Челси, Тухел одбра поинаков стил на игра, но јас не се предавам“, порача Лукаку.
А тоа веднаш ги возбуди страстите на „Џузепе Меаца“. Интер сака да ја одбрани титулата, а во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе има двомеч против Ливерпул. Симоне Инзаги ги има Лаутаро Мартинез, Един Џеко, Хоакин Кореа и Алексис Санчез, но да се врати Лукаку, тоа секако е друга димензија.
Директорот на Интер, Пјеро Аусилио, уште еднаш го даде истиот одговор како и пред неколку недели, за можното враќање на Лукаку.
„Можно е да се врати, на позајмица, секако“, изјави Аусилио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
