Два месеци никој не игра на теренот на арената „Тодор Проески“ со намера да се репарира за натпреварот меѓу Македонија – Бугарија, а повторно е во очајна состојба.

Трагично делуваат фотографиите направени од синоќешните тренинзи на селекциите на Бугарија и на Македонија, ја откриваат неспособноста да се обезбеди достоен тревнат терен според квалитетот што е потребен за европски натпревари.

Затоа што АДСДП има само „европски правилник“ за изнајмување на стадионот за кој се жалеше и актуелниот шампион Шкупи откако ова лето имаше настапи на меѓународна сцена.

Посебен проблем е нечистотата која е изразена насекаде на стадионот, во ВИП ложата, во новинарската ложа, но и на трибините каде фановите плаќаат билети за достојно да седнат и да гледаат натпревар. Редно е да „фрштат“ откази!
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













