Силекс го остава поразот од Вардар зад себе, и е фокусиран кон денешниот меч против АП Брера на гостински терен. Распоредот сакаше кратовскиот тим да има две по ред тешки гостувања.
Но, од таборот на Силекс оптимизам дека денеска со три бода од Струмица, ќе се вратат во Кратово. Тоа го очекува и дефанзивецот на кратовци, Ѓорѓе Џеков, кој денеска го игра натпреварот против својот поранешен клуб, со оглед дека младинските категории ги мина во АП Брера (во минатото Академија Пандев).
„Очекуваме да одиграме добар натпревар. Влегуваме во овој дуел со позитивни мисли и ќе се потрудиме да ги освоиме трите бода. Играме добро, динамично, и верувам дека веднаш ќе се вратиме на победничките патеки. Поразот од Вардар е веќе заборавен, сега сме максимално ориентирани само кон мечот со АП Брера. За мене овој натпревар ќе биде посебен, затоа што минав во противничкиот тим прекрасни 10 години, таму пораснав и се надоградував како играч. Сега сум фудбалер на Силекс, и се надевам дека денеска со добра игра ќе се вратиме во Кратово со три бода“, изјави Ѓорѓе Џеков.
Неговиот брат Љупче Џеков нема да биде на голот на денешниот меч поради црвениот картон кој го доби на натпреварот со Вардар.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Марсело Брозовиќ ќе го засили Бешикташ?
Евро-фудбал
Србија доживеа дебакл против Мексико (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Оливер Гласнер ќе биде нов тренер на Милан













