AП Брера го загуби последниот меч против Шкендија на домашен терен со 2:3, но прикажа допадлива игра и завидна ефикасност. Сепак, ќе мора да се намалат грешките во одбраната за да може тимот повторно да се надева на позитивни резултати.
Во Струмица денеска гостува Силекс, тим кој има големи амбиции во шампионатот, па тоа е уште еден мотив повеќе да се прикаже добра игра.
„Нашиот стил е да се надигруваме со сите. Одиме уште посилно и се надеваме на позитивен резултат“, порачуваат од таборот на AП Брера.
Последниот дуел меѓу овие две екипи во Кратово заврши со убедлив триумф на Силекс од 5-0. Ова треба да претставува и дополнителна инспирација за младите фудбалери на АП Брера, денеска во Струмица да биде сосема поинаку.
Во пресрет на натпреварот кој е закажан за 13:30 часот, AП Брера се наоѓа на седмата позиција со 15 освоени бода, додека Силекс е на четвртата позиција и има 21 поен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Евро-фудбал
Претседателот на Наполи ги нападна УЕФА и ФИФА
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички













