
Поранешниот тренер на Динамо Загреб, Зоран Мамиќ, за кого Интерпол неодамна издаде меѓународна потерница беше уапсен утрово во Меѓугорје, а рочиште ќе се одржи денеска пред Судот на Босна и Херцеговина. Доколку се докаже дека Мамиќ има валидни документи за поседување на босанско државјанство, тој нема да може да биде екстрадиран во Хрватска, каде треба да се соочи со неколку години затвор.
Во случај да се покаже дека 49-годишниот тренер нема документи на БиХ, Хрватска ќе има рок од 40 дена да достави документација за екстрадиција.
Зоран Мамиќ беше осуден на четири години и осум месеци затвор за мито, неплаќање данок и за прераспределба на пари од трансферот на Дејан Ловрен. Тој пристигна во Босна и Херцеговина пред неколку недели и објави дека сака да ја отслужи затворската казна во оваа земја.
Покрај Зоран, неговиот брат Здравко Мамиќ беше осуден на шест и пол години затвор и мора да врати 52 милиони куни (околу 8 милиони евра) Дамир Врбановиќ беше осуден на три години.
По изрекувањето на пресудата, Зоран Мамиќ ги напушти редовите на Динамо Загреб. Работеше во хрватскиот клуб и во периодот од 2013 до 2016 година, а беше тренер и на Ал Наср, Ал Аин и на Ал Хилал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal