
Францускиот стратег Зинедин Зидан е позитивен на коронавирус. Тој покажал позитивен тест на Ковид-19 и веднаш е изолиран од останатиот дел од тимот. Зидан нема да биде дел од експедицијата на гостувањето против Алавес претстојниот викенд.
Засега нема информации дека други членови на стручниот штаб или пак фудбалери се позитивни на Ковид-19 иако имале блиски контакти со Зидан.
Французинот е под жестоки критики и поради елиминацијата на „кралскиот клуб“ од Купот на Шпанија од нисколигашот Алкојано, а има седум бода негатива и во однос на лидерот на табелата во Ла Лига, тимот на Атлетико Мадрид.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal
