Атлетико Мадрид покажува сериозен интерес да го доведе во своите редови фудбалерот на Арсенал, Олександр Зинченко. Се очекува украинскиот репрезентативец да го напушти Арсенал пред затворањето на трансфер-пазарот следната недела, а „јорганџиите“ веќе започнаа преговори за неговиот трансфер.
„Атлетико Мадрид се вклучи во трката за Олександр Зинченко. Се водат сериозни разговори, а Шпанците се подготвени за постојан договор или позајмица со задолжителен откуп. Арсенал постави цена од 20 милиони евра, плус дополнителни 8 милиони евра во форма на бонуси“, открива „Атлетик“.
28-годишниот лев бек изрази желба да си замине од „Емирати“. Борусија Дортмунд останува во трката, но моментно е помалку активна, бидејќи играчот е премногу скап, а и Борусија бара фудбалер кој може да игра и како централен дефанзивец.
Зинченко пристигна во Арсенал од Манчестер Сити во 2022 година за 35 милиони евра и на почетокот беше важен дел од формацијата на „топџиите“. Сепак, со текот на времето го загуби местото во првиот тим, а оваа сезона има одиграно само 13 натпревари во сите натпреварувања, со вкупно нешто над 400 минути на теренот. Украинецот е репрезентативец на својата земја со 70 настапи и 10 постигнати голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













