Connect with us

Зидан се враќа на клупата на Реал следната сезона?

Зинедин Зидан не е далеку од враќање во Реал Мадрид, објави францускиот „Футмеркато“. Французинот пред две години ја напушти клупата на Реал како еден од најуспешните тренери во клупската историја, а летово повторно би можел да ја преземе соблекувалната на „Сантијаго Бернабеу“.


Според француските медиуми, Карло Анчелоти речиси сигурно ќе го напушти Мадрид на крајот од сезоната за да ја преземе бразилската репрезентација, па Флорентино Перез веќе го контактирал Зидан и почнал преговори за негово враќање во „кралскиот клуб“.

Зидан се покажа како победник во Реал. Во два мандати освои 11 трофеи, од кои дури три во Лигата на шампионите, две врзани меѓу 2016 и 2018 година. Сега би можел да добие уште една шанса да се обиде да го надгради своето портфолио, но и да ги збогати клупските витрини на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови