Кристијано Роналдо се враќа во Реал Мадрид? Медиумите на Апенините најавија можна разделба на Португалецот и Јувентус по завршувањето на сезоната, а во Шпанија веќе ја проширија приказната со фактот дека агентот Жорге Мендеш веќе и отпочнал разговори со Флорентино Перез за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“.
Тренерот Зинедин Зидан вели дека Роналдо секогаш е добредојден во Мадрид, дека има испишано историја со „кралскиот клуб“ и можеби тоа е знак за кам-бек.
„Роналдо испиша историја со Реал Мадрид и знае колку љубов има за него во овој клуб. Секогаш е добредојден, а што се однесува до фудбалските квалитети, отсекогаш сум тврдел дека е најдобриот. Тој е едноставно неверојатен на теренот“, изјави Зинедин Зидан.
Утре Реал Мадрид на домашен терен го пречекува Елче.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













