Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, има многу причини за загриженост во периодот на репрезентативната пауза откако „кралевите“ беа декласирани со 4-1 на синоќешното гостување кај Валенсија. Тој вели дека Реал добро го почна мечот, но потоа се случил несфатлив пад во играта.
„Постои големо разочарување, натпреварот го започнавме добро, посебно првите 30 минути, постигнавме гол. Но, после примениот гол за израмнување едноставно се случија многу работи. Тоа ни се случува веќе неколкупати. Валенсија тактички не надигра, имаа три пенали и беше многу тешко за нас. Ја преземам одговорноста за овој пораз“, изјави Зидан.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski