Португалскиот стратег Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на турскиот гигант Фенербахче. Тој постигнал договор со раководството на клубот за двегодишна соработка, со опција и за трета сезона.
Мурињо подолг период беше трансферна цел на Фенербахче, медиумите известуваа дека потајно се водат преговори, а сега веќе е јасно дека договорот е постигнат и наскоро треба сѐ да биде официјализирано.
Мурињо имал долг разговор и со Един Џеко кој го носеше дресот на Фенербахче изминатата сезона.
Фенербахче ја загуби трката за титулата со Галатасарај и сега ангажманот на Мурињо е одговор на овој турски гигант дека следната сезона ќе се атакува на сите трофеи.
Пред Рома, Мурињо работеше во Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Челси, Реал Мадрид, Интер и Порто. Ја освои Лигата на шампионите со Интер и со Порто, има три титули во Премиер – лигата, една во Ла Лига и четири признанија за тренер на годината.
🟡🔵🇵🇹 José Mourinho’s verbal agreement with Fenerbahçe is on two year contract valid until June 2026.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 31, 2024
It will also include an option for further season.
Jorge Mendes has been negotiating the deal and now time to review, sign all formal documents.
Here we go soon! 🇹🇷 pic.twitter.com/rsSZYCUKjO
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski