Connect with us

Жозе Мурињо од лето се враќа во Реал Мадрид?

Португалскиот стратег Жозе Мурињо се враќа на клупата на Реал Мадрид по завршувањето на оваа сезона. Тоа ќе зависи и од одлуката на Карло Анчелоти за пензионирање.


Според италијанските медиуми, легендарниот Жозе Мурињо (59) на крајот од оваа сезона би можел да ја напушти Рома и по 10 години повторно да го преземе Реал Мадрид.

Жозе Мурињо дојде во Рома во 2021 година. Со овој клуб бележи солидни резултати, а во својата богата колекција го донесе и трофејот од Конференциската лига на УЕФА.

Сепак, како што тврди италијанскиот весник „Република“, 59-годишниот Португалец на крајот на сезоната би можел да ја напушти Рома и повторно да го преземе Реал Мадрид.

Според информациите на овој весник, Реал Мадрид сериозно размислува за враќање на „Специјалниот“ на клупата, но се ќе зависи од Карло Анчелоти, актуелниот тренер на „кралевите“.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, е задоволен од работата на славниот Италијанец. Тој му дава целосна поддршка, но во случај да реши да се пензионира на крајот на сезоната, сака да има подготвена замена.

Тој наводно го избрал Жозе Мурињо. Доколку тоа навистина се случи, по 10 години повторно ќе го води „кралскиот клуб“ од Мадрид на чие чело беше од 2010 до 2013 година.

Мурињо го презеде Реал Мадрид во јуни 2010 година. Тој помина три сезони во клубот, а секако интересно е што на негово место дојде Карло Анчелоти.

Во текот на три сезони Жозе освои „само“ три трофеи, што Реал го сметаше за неуспех и затоа реши да го ангажира Анчелоти и не погреши бидејќи Италијанецот го врати трофејот од Лигата на шампионите во Мадрид.

Мурињо го водеше Реал Мадрид вкупно 178 пати. Оствари ефект од 128 победи, 28 нерешени и имаше само 22 порази.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови