
Жоргињо, Бразилецот со италијански пасош, е еден од главните адути на Роберто Манчини на ова Европско првенство. Тој синоќа го изведе и последниот, победнички пенал за „аѕурите“, а важи за одличен пеналџија и во тимот на Челси.
„Победивме во една голема битка против силен противник. Трчавме многу, беше исцрпувачки, игравме 120 минути. Но, никогаш не престанавме да веруваме дека можеме да победиме и да се пласираме во финалето. Пеналите беа посебна приказна. Сите чувствуваат голем замор, а мора да имаат максимална концентрација. Кај мене тоа е речиси автоматизирано. Земав здив и тргнав да шутирам. Знаев дека ќе погодам“, изјави Жоргињо.
Италија во финалето на „Вембли“ ќе го очекува подобриот од вечерашното второ полуфинале меѓу Англија и Данска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
