
Играчот од средниот ред на Арсенал, Жоргињо, би можел да ги напушти „топчиите“ само седум месеци по неговата преселба на „Емирати“. Тој потпиша во јануари за сума од 12 милиони фунти, но имаше само 16 настапи, забележувајќи само една асистенција.
Потписот на Деклан Рајс дополнително ќе ja ограничи минутажата на 31-годишниот Италијанец, кој вчера не беше во составот на Арсенал за натпреварот со Манчестер Сити.
Според турскиот „ТРТ Спор“, Фенербахче има сериозен интерес за Жоргињо, кој веќе го известил раководството на „топчиите“ дека сака да си замине пред затворањето на летниот преоден рок.
Лацио беше заинтересиран за Жоргињо на почетокот на летото, но неговиот агент тогаш рече дека играчот од средниот ред е среќен во Арсенал и има намера да остане. Сепак, искусниот поранешен играч на Челси изгледа се предомислил.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
