Во Шпанија се погласни се гласините за отпуштање на Роналд Куман. Шефот на Барселона, Хоан Лапорта беше лут на Куман по тешкиот пораз (0-3) од Баерн Минхен на „Камп Ноу“ во првото коло од Лигата на шампионите.
Лапорта го обвинува Куман за неговиот дефанзивен став, поради што Барселона изгледаше многу лошо на теренот. Наводно, ниту играчите не се задоволни од идеите на Куман, па се смета дека Холанѓанецот е блиску до отказ.
Барселона во меѓувреме го бара неговиот наследник, но добила „не“ од Жорди Кројф (47), синот на холандскиот великан Јохан.
Лапорта сакаше да го доведе Жорди Кројф како тренер на првиот тим, но на крајот доби негативен одговор, што ги изненади челниците на клубот. Кројф во моментов работи како спортски консултант во клубот, а има и тренерско искуство.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













