Connect with us

Жоао Кансело доаѓа во Барселона

Жоао Кансело е нов играч на Барселона. Каталонскиот клуб и Манчестер Сити конечно постигнале договор според кој Португалецот ќе пристигне на позајмица со можен откуп на договорот.


Доколку Кансело одигра повеќе од 70% од натпреварите оваа сезона и доколку Барселона се пласира во осминафиналето на Лигата на шампионите, Барселона ќе мора автоматски да го купи следното лето за сума од 30 милиони евра

Клучната работа во преговорите ја заврши Жорге Мендеш, кој доби наредба од Кансело дека сака трансфер само во Барселона, а него го посакуваше и Чави Хернандез.

Сити попушти и ја намали цената, бидејќи одамна беше јасно дека Кансело не е во плановите на Пеп Гвардиола, поради што од јануари до јули беше на позајмица во Баерн Минхен.

Кансело ќе пристигне во Барселона на почетокот на следната недела на лекарски прегледи и потпис и веднаш ќе биде достапен за следниот викенд кога Каталонците ќе гостуваат во Вилјареал.

Кансело е четвртото засилување на Барса ова лето, откако Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез дојдоа без обештетување, а Ориол Ромеу од Џирона за 3,8 милиони евра со бонуси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови