
Милан ја совлада Рома со 3-1 и обезбеди место во полуфиналето на Копа Италија. „Росонерите“ ги израдуваа навивачите на „Сан Сиро“, а главен херој беше Тами Абрахам со два гола, додека дебитантите Сантиjаго Хименез и Жоао Феликс го режираа третиот погодок.
Мечот започна одлично за Милан, а резултатот беше отворен по 16 минути игра, кога Абрахам, кој е позајмен од Рома, успеа да ја затресе мрежата по асистенција на Тео Хернандез.
До крајот на полувремето, „росонерите“ продолжија со притисок, а во 42. минута повторно Абрахам погоди, повторно по додавање од Хернандез, носејќи им предност од 2-0 на домашните.
Во второто полувреме, Клаудио Раниери направи три измени, што веднаш донесе резултат, бидејќи Артем Довбик во 54. минута намали на 2-1. Сепак, Милан брзо се консолидираше, а новите засилувања Сантиjаго Хименез и Жоао Феликс го осигураа триумфот.
Хименез одлично го пронајде Португалецот во 78. минута, кој со лоб удар ја затресе мрежата за конечни 3-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
