
Шкупи ја победи Шкендија со 1-0 во дербито на колото на Чаир, а според прикажаното, триумфот можеше да биде и поубедлив. Токму тоа го изјави тренерот Младен Жижовиќ, кој истакна дека е многу поважно да се има квалитетен тим со карактер отколку добри поединци.
„Со оглед на текот на натпреварот, победата е апсолутно заслужена, бидејќи момците го дадоа последниот атом сила и мислам дека имавме можност да победиме со уште поубедлив резултат. Но, генерално сме задоволни од победата, бидејќи тоа беше единствената опција што нѐ интересираше на овој натпревар. Уште еднаш покажавме дека сме во подобра форма од Шкендија, на која ништо не и дозволивме на овој дуел. А овие момци, не знам колку пати заслужуваат честитки и пофалби, иако многумина се сомневаа дали можат или не, но од меч во меч покажаа дека понекогаш не треба да има атрактивен и добар индивидуален играч, туку многу поважно е да имаме квалитетен тим со карактер кој сака успех“, изјави Жижовиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
