Connect with us

Животот и кариерата на Дарко Панчев ќе добијат филмска презентација

Легендата на македонскиот фудбал, Дарко Панчев, наскоро ќе добие своја филмска приказна. По објавувањето на својата автобиографија, сега на ред е голема филмска продукција која ќе го долови неговиот живот и незаборавната кариера – особено времето кога со Црвена Звезда го освои европскиот и светскиот врв.

Филмот ќе го создаваат „Петровски Брадрс“, под режисерската палка на Зоран Петровски, кој има богато искуство од работа на реклами и филмови во Бугарија. Сценариото ќе го напише Ѓорѓе Милиќевиќ, сценарист кој соработувал на култниот „Бегство кон победа“ и кој својата кариера ја гради во САД.

Приказната ќе донесе многу повеќе од фудбалски успеси – ќе ја прикаже и борбата, личните падови и подеми на Панчев, со цел да допре до сите, не само до љубителите на фудбалот.

Дарко Панчев лично го поддржува овој проект.


„Ми се допадна идејата, ќе се обидам да помогнам колку што можам. Сигурен сум дека ќе биде филм што ќе допре до многумина“, изјави Дарко Панчев за МИА.

Ова секако е една од оние приказни кои заслужуваат да бидат раскажани на големо платно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови