Connect with us

Жиру: Во дербито е единствено важно – да победиш!

Милан оствари огромна победа (1-2) во градското дерби против Интер на „Џузепе Меаца“ и се врати во трката за шампионската титула во Серија А. Напаѓачот Оливие Жиру беше херој на триумфот со двата постигнати гола.

Тој призна дека тимот не се претставил добро во првото полувреме против Интер, но го истакна силниот дух со кој „росонерите“ стигнаа до пресврт по паузата за победа во градското дерби.


„Како што кажав пред натпреварот, ова е посебен натпревар. Дербијата се игра за да се победат. Имавме проблеми во првото полувреме, но се вративме во игра во вториот дел. Чекав топки во шеснаесетникот. Мојот прв гол беше малку среќен, а вториот дојде по доброто додавање на Давиде Калабрија. Фантастично, среќен сум и горд на овој тим кој никогаш не се откажува. Во борба сме за „скудетото“, но ни останува уште многу борба до крајит. Интер се уште е на врвот“, изјави Жиру по големото дерби.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови