Македонскиот шампион ЖФК Љуботен запиша убедлива победа од 4-1 над претставникот на Фарски Острови, Рунавик, и обезбеди пласман во финалето од квалификацискиот турнир во женската Лига на шампиони, каде ќе се соочи со ерменскиот Пјуник.
Натпреварот започна неповолно за нашиот шампион, откако Бенбакура донесе водство за Рунавик во 12. минута. Но, реакцијата на ЖФК Љуботен беше брза и убедлива – веќе во 15. минута израмни Марковска, а само три минути подоцна Мустафа реализираше за пресврт. На самиот крај од првото полувреме, Улза Максути погоди за 3-1 и донесе сигурна предност на својот тим.
Во второто полувреме, Мариан Охадиве го постави конечниот резултат со гол во 63. минута, потврдувајќи ја доминацијата на македонскиот првак.
Финалниот натпревар против Пјуник е закажан за сабота со почеток во 17 часот, а победникот ќе обезбеди пласман во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампиони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













