Connect with us

Жестокиот дуел на Тухел и Конте доби продолжение на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Томас Тухел и Антонио Конте влегоа во жесток клинч по ремито меѓу Челси и Тотенхем (2-2) на „Стемфорд бриџ“ и ги наполнија насловните страници. Сепак, двајцата тренери го прифатија ривалството и немаат ништо лично еден против друг, како што објаснија на прес-конференцијата.

„Уживав во интензитетот и сигурен сум дека и тој. Нема ништо лошо меѓу нас од моја, а сигурен сум, и од негова страна. Се боревме за нашите тимови и тоа едноставно се случи. Клупите се блиску и двајцата бевме жешки. Тоа е како кога двајца противнички играчи малку ќе се пресметаат на теренот, но ништо сериозно нема се случи. Никој не се навреди и никој не беше повреден, па не се тепавме со тупаници“, изјави Тухел.

Конте одговори на свој начин.

„Мислам дека и двајцата уживавме, но следниот пат треба да бидеме повнимателни. Нема да се ракуваме и проблемот е решен. Би било штета ако пропуштиме натпревар поради ова”, истакна Конте.

Тие ќе пропуштат доколку Премиер – лигата не ја поништи нивната суспензија поради добиените црвени картони. Во следното коло Тотенхем го пречекува Вулверхемптон, а Челси гостува кај Лидс Јунајтед.

Кога страстите се смирија, Конте на социјалните мрежи, конфликтот го претвори во шега. На својот Инстаграм, тој објави видео од Тухел како го прославува голот на својот тим трчајќи покрај замислен Италијанец.

„Среќа што не те видов. Ќе беше сосема заслужено ако те сопмев“, напиша тој покрај три насмеани емотикони.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови