
Репрезентативецот на Англија, Киеран Трипие, жестоко е казнет поради кршење на регулативата поврзана околу обложувањето што ја воведе Фудбалската асоцијација на Англија. Фудбалерот на Атлетико Мадрид е суспендиран во наредните 10 седмици, а ќе мора да плати и парична казна од 70.000 фунти.
Рагулативата на ФА на Англија вели дека на фудбалерите им е забрането спортско обложување, а не им е дозволено ниту да откриваат релевантни информации кои можат подоцна да бидат употребени за обложување. Трипие во 2019 година од Тотенхем се пресели во Атлетико Мадрид за трансфер од 20 милиони фунти, а токму во тоа време регистрирани се многу облози токму за реализација на овој трансфер.
Четиричлена комисија утврдила дека Трипие е виновен и го суспендираше до 28.февруари 2021 година. Тоа значи дека ќе го пропушти и првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челси.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 подобра од Индонезија

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
