
Манчестер Јунајтед нема да игра во Лигата на шампионите откако клубот од „Олд Трафорд“ одигра катастрофална сезона. Тоа значи дека и платите на фудбалерите ќе се намалат за 25%.
„Црвените ѓаволи“ влегоа во сезоната со Оле Гунар Солскјер како менаџер. После тоа, тимот го презеде Ралф Рангник, но лошите игри продолжија и тимот од Театарот на соништата нема да игра меѓу елитата следната сезона.
Поради неговото отсуство од Лигата на шампионите, приходите на клубот значително ќе се намалат, а играчите на Јунајтед тоа ќе го почувствуваат и на свој џеб.
Така првата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо доколку остане во клубот ќе заработува околу 288.000 фунти неделно, а неговата моментална плата е 385.000 фунти. Интересно е што се согласи на помала плата за да се врати во Манчестер, бидејќи во Јувентус имаше половина милион фунти неделно.
Втор најплатен фудбалер на тимот е Давид де Хеа. Неговата плата ќе падне од 375.000 фунти на околу 280.000 фунти неделно, а ќе бидат погодени и сите други фудбалери.
Манчестер Јунајтед вчера беше посрамен од Брајтон (4-0) во 36. коло од англиската Премиер – лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген
