Connect with us

Жерар Пике на зима прави трансфер од Барселона во Атлетико Мадрид

Жерар Пике би можел да замине од Барселона во Атлетико Мадрид, тврди каталонскиот весник „Спорт“. Тренерот Диего Симеоне, сака да го види искусниот дефанзивец во својот тим и ќе направи се што е можно за да го ангажира во наредните месеци.


Пике не е задоволен од малата минутажа која ја добива во Барселона. Во сезоната 2022/23, тој има само еден првенствен натпревар и едно полувреме во Лигата на шампионите.

Поранешниот шпански репрезентативец Жерар Пике е подготвен да го раскине договорот потпишан во октомври 2020 година под водство на претходниот претседател на клубот, Жозеп Бартомеу. Договорот меѓу двете страни е со важност до крајот на јуни 2024 година, а според него дефанзивецот треба да добие најмалку 28 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови