
Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, одлично се снајде во улога на напаѓач и го постигна победничкиот погодок за каталонскиот тим во дуелот со Динамо Киев (1-0). Тој во 36.минута влета во противничкиот шеснаесетник и реагираше голгетерски на центаршутот на Жорди Алба.
Со овој погодок Пике израмни рекорд во Лигата на шампионите. Тој стана дефанзивец со најмногу голови во историјата на ЛШ (16), заедно со Бразилецот Роберто Карлос кој во минатото го носеше дресот на Реал Мадрид.
Серхио Рамос има 15 гола постигнати во елитното европско клупско натпреварување, но оваа сезона поради повреда се уште нема одиграно ниту една минута за ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Бернардо Силва
