Антонио Конте му го донесе „скудетото“ на Интер, шампионскиот пехар кој 11 години се чекаше на „Џузепе Меаца“. Сепак, многу брзо следеше разделба со Конте, а претседателот на „нероаѕурите“, Стивен Жанг, конечно проговори на оваа тема.
„Имавме различни визии. Бев убеден дека Конте и јас создаваме победнички проект. И тоа се покажа како точно. Сепак, пандемијата на коронавирусот сериозно влијаеше на нашите приходи и приоритетите мораа да се променат. Треба да ги намалиме трошоците и да го контролираме ризикот, а тоа ќе се рефлектира во стратегијата на трансфер – пазарот. Нашите различни ставови за ситуацијата доведоа до разделба. Конте е врвен тренер, но морам да размислувам за солвентноста на клубот“, изјави Жанг.
Конте го напушти Интер по две сезони, а клубот го замени со поранешниот тренер на Лацио, Симоне Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













