Connect with us

Жалбата на Барса е одбиена, Ханси Флик го пропушта Ел Класико

Суспензијата на тренерот на Барселона, Ханзи Флик, од еден натпревар останува во сила, што значи дека тој ќе го пропушти неделното Ел Класико против Реал Мадрид. Ова стана јасно откако денес Дисциплинската комисија при Кралската шпанска фудбалска федерација ја одби жалбата на клубот за санкцијата на тренерот.

Како што е познато, Флик беше исклучен по два жолти картони во завршните минути од победата со 2-1 над Џирона. Во извештајот за натпреварот, главниот судија Хесус Хил Манцано објаснува дека првиот жолт картон му го покажа на Германецот затоа што „аплаудираше на една од моите одлуки како знак на протест“, а веднаш потоа го санкционирал вторпат, бидејќи „по жолтиот картон тој направи гест како знак на неодобрување“.

Иако беше исклучен, Флик не се повлече во соблекувалните, како што налагаат правилата, туку остана да го следи натпреварот од влезот на тунелот. Дури направи и непристоен гест кон судијата по победничкиот гол на Роналд Араухо во судиското продолжение. Сепак, за овие прекршувања нема дополнителна казна, бидејќи тие не се споменати во извештајот на Хил Манцано, иако можат да бидат санкционирани со еден до три натпревари.

Според каталонските медиуми, Барселона сè уште има два начина за обжалување на казната на тренерот: едниот е пред Апелациската комисија при федерацијата, а другиот е пред Административниот спортски суд, од каде би можело да издадат заштитна мерка за Флик за неделниот натпревар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови