
Првата фудбалска лига можеби е македонската елита, но на Балканот, а да не зборуваме за Европа – слабо котира. Затоа, секоја можност фудбалерите, а секако и тренерите, ја користат за да се пробијат малку подалеку во светот на фудбалот.
Оваа зима, се случија пет трансфери на фудбалери од македонскиот шампионат во странство и уште поинтересно, а имавме и тренери кои заминаа во странство, што одамна е реткост кога се во прашање македонските стратези.
Бисерот на Работнички, Лука Станковски, го направи најголемиот трансфер оваа зима. Тој од клубот од Дебар Маало се пресели во турскиот прволигаш Газијантеп. „Романтичарите“ продолжуваат да бидат клубот што умее најдобро да продаде производ во Европа.
Репрезентативниот голман Ристе Јанков по 16 години го напушти Работнички и замина во Казахстан. Тој е нов член на Каспиј.
Академија Пандев исто така се вклучи сериозно на „излезниот трансфер маркет“. Најдобриот стрелец во првиот дел од сезоната во Првата лига, Мартин Мирчевски, направи трансфер во амбициозниот српски прволигаш ТСЦ Бачка Топола. Исто така и младиот Андреј Стојчевски направи трансфер, и тоа во словачкиот клуб Жилина.
Досегашниот адут на Шкупи, Матеј Цветаноски, како слободен играч се пресели во Унгарија и потпиша за Ѓирмот.
Тренерски трансфер од Македонија е вистинска реткост. Оваа зима му успеа на Александар Васоски, кој имаше одлична есен со Академија Пандев, а седна на клушата на култниот босански клуб Сараево.
Славчо Војнески исто така презеде клуб во странство. Тој е шеф на стручниот штаб на најпознатиот клуб во Узбекистан, Пахтакор.
Жикица Тасевски стана асистент на Зоран Вулиќ во грчкиот второлигаш Ксанти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
