Шпанските правосудни органи демонстрираа решителност во борбата против расизмот и насилството во фудбалот, изрекувајќи ефективни затворски казни за четворица навивачи на Атлетико Мадрид, кои беа инволвирани во инцидент со расистичка конотација, непосредно пред градското дерби против Реал Мадрид.
Судот утврди дека осудените се дел од групата што на мост во Мадрид постави обесена кукла облечена во дрес на Реал Мадрид со името на Винисиус Жуниор — чин што беше квалификуван како поттикнување расна омраза.
Еден од сторителите доби најстрога санкција — една година и девет месеци затвор — поради дополнително ширење расистички пораки на социјалните мрежи. Тројцата останати се осудени на по една година и два месеци затвор.
Покрај казната за лишување од слобода, на сите четворица им е изречена и забрана за присуство на фудбалски натпревари на шпанска територија во период од четири години.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













