
Властите на Холандија го затворија стадионот „Гоферт“ во Нијмеген, откако дел од трибината се сруши на изминатиот викенд за време на натпреварот од холандското првенство меѓу НЕК и Витесе.
Се урна дел од трибината со навивачите на Витесе, кои славеа победа (0-1), но за среќа трагедијата беше избегната и нема повредени.
Откако судијата досуди крајот на натпреварот, гостинските навивачи почнаа да скокаат и да ја слават победата на својот тим. Некои од нив се искачија на оградата, а потоа дел од трибината се сруши и пропадна неколку метри, а со тоа и навивачите кои беа на оградата.
Не е познато што предизвика уривање на трибината на стадионот, кој е во сопственост на градот.
“Бидејќи не знаеме зошто се урна дел од трибината, мораме да го затвориме стадионот. Ако не го сториме тоа, безбедноста ќе биде загрозена. Кога ќе бидеме сигурни дека стадионот е стопроцентно безбеден, повторно ќе го отвориме”. изјавија властите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко
