Фудбалската Федерација на Македонија преку Комисијата за безбедност и интегритет целосно е насочена кон откривање и заштита на еден од најголемите проблеми во модерниот фудбал – местењето на натпревари. Ризик кој влијае негативно, а зазема се поголема сила во светот на фудбалската игра.
Оттука, ФФМ преку Комисијата за безбедност и интегритет преку низа кампањи, семинари и предавања ги охрабрува луѓето кои се вклучени фудбалот да зборуваат против местење на натпревари и да ја подигнат свеста преку доверливите платформи за известување на ФФМ, УЕФА и ФИФА.
Во однос на ова прашање, федерацијата презема конкретни чекори, односно учествува и организира едукативни предавања во координација со УЕФА и ФИФА за рано препознавање и спречување на местењето на фудбалски натпревари.
Целта е единствена, а тоа е да се заштити интегритетот на самата фудбалска игра.
Сите во фудбалот кои на било каков начин доаѓаат во ситуација поврзана со местењето на натпревари треба да се спротивстават и да пријават каков било пристап со можност да се „намести” натпревар преку доверливи платформи за известување.
Во 2021/2022, Комисијата за безбедност и интегритете при ФФМ организираше десетина едукативни семинари, обуки и предавања за заштита од местење на натпревари. Беа опфатени сите национални репрезентации, како и судиите и контролори во МФЛ.
Целта на предавањата е да им се даде важна информација на фудбалерите, судиите и останатите учесници во фудбалската игра за начинот на кој функционира целиот систем и процес на местење на натпревари, големото негативно влијание врз фудбалот, како и откривањето и превенцијата од него.
„Активностите кои ги реализиравме во оваа насока, ни даваат за право да веруваме дека заедно и конструктивно можеме да ги решаваме предизвиците и дека нашите заеднички предлози и насоките кои ги добиваме од УЕФА и ФИФА во однос на ова прашање, фудбалерите, судиите, но и сите останати кои се поврзани со фудбалската игра, ќе ги пренесат во своите клубови, тела и организации. Верувам дека со спроведувањето на низата семинари помогнавме разменувајќи искуство и знаење и дека пронајдовме најдобри методи за заштита од местење на натпревари. Сето тоа заради нашиот фудбал, но првенствено заради нашето општество“, изјави Роберт Марковиќ од одделот за безбедност и интегритет при ФФМ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski