Connect with us

Заниоло го прекина молкот по трансферната сага и заканите од фановите на Рома

Офанзивниот играч за врска на Рома, Николо Заниоло, за првпат проговори по трансфер сагата што се одвиваше околу него во јануарскиот преоден рок. Фудбалерот, кој беше исфрлен од клубот и навивачите, испрати отворено писмо до АНСА, во кое објаснува што доживеал периодов и ветува дека ќе му биде на располагање на тимот.


„Последниве неколку недели беа кажани и напишани многу невистинити. Дојдов во Рома како непознат фудбалер и навивачите ме пречекаа како еден од нив. Ми дадоа самодоверба, храброст и љубов во ужасните и мрачни моменти при моите повреди. Во Тирана со оваа цел (да победам во финалето на Конференциската лига) почувствував дека им се оддолжив за сѐ што добив, придонесувајќи за прекрасен и незаборавен момент на радост за сите романисти. На 23-годишна возраст поминав низ искуства кои многу од моите колеги ги немале во целата своја кариера: паѓање, издигнување, повторно паѓање, нови подеми и триумфи.

Последните месеци беа деликатен период за мене, бидејќи ми стана тешко да разберам каква ќе биде мојата професионална иднина. Сепак, секогаш сум работел напорно на теренот и на тренинзите со најголема професионалност. По добиените закани, за првпат почувствував страв за мене и моите најблиски, се почувствував напуштен. Никогаш порано не ми се случило и бев многу исплашен. Иднината е во наши раце, јас ја проширувам мојата и се ставам целосно на располагање на семејството на Рома“, напиша Заниоло во своето писмо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови