Connect with us

Заниоло донесе нов триумф за Аталанта (ВИДЕО)

Аталанта ја продолжува неверојатната победничка низа во Серија А. Тимот од Бергамо ја оствари десеттата последовна победа, вкупно 12-та, откако славеше на гости против Калјари со 0-1.

Николо Заниоло постигна гол во 66.минута и се покажа како супер замена. Тој влезе во игра само две минути претходно и веднаш успеа да ја затресе мрежата на Калјари.

Аталанта сега има 37 бода, пет повеќе од Наполи, и шест позитива во однос на Интер, кој има и два одиграни натпревари помалку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови