Connect with us

Заминува Мбапе, но во ПСЖ доаѓаат две нови ѕвезди – Рафаел Леао и Виктор Осимен

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе одлучи да го напушти ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. За својата одлука Мбапе го информирал претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи, кому заминувањето на најголемата ѕвезда ќе му отвори голем простор во буџетот.


„АС“ пишува дека се работи за 200 милиони евра, од кои 72 се за бруто плата на Мбапе, а остатокот се чува како бонус за верност. Парижаните со тие пари би можеле да ги доведат напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен и крилниот напаѓач на Милан, Рафаел Леао.

Мбапе оваа сезона забележа 30 настапи, постигна 31 гол и забележа седум асистенции.
Осимен, интернационалецот од Нигерија, одигра 18 натпревари за Наполи и постигна осум и асистираше за три гола. Неговата вредност се проценува на 112 милиони евра, со отштетна клаузула.

Португалецот Леао е најголемата ѕвезда на Милан, за кого на 29 натпревари оваа сезона постигна седум и постави девет гола.

Договорот на Осимен со Наполи е до 2026 година, Леао со Милан има потпишано до 2028 година, а двајцата беа поврзувани со ПСЖ и претходно.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови