
Шефот на стручниот штаб на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски, искажа задоволство од подготовките во Анталија и тоа што тимот го одработи во турскиот туристички центар.
Сепак, најавува дека допрва стружани треба да ја достигнат натпреварувачката форма за вториот дел од првенството во кое ќе го бранат првото место на табелата.
„Работевме максимално и гледавме секој миг да го поминеме на терен, бидејќи условите во Турција секако се на многу повисоко ниво, за разлика од кај нас. Одигравме пет натпревари на кои сите играчи добија соодветна минутажа, за да имаме компактибилен тим за пролетниот дел од првенството. Задоволен сум од прикажаното на тренинзите и натпреварите, но сѐ уште не сме на посакуваното ниво за кое мислам дека ќе бидеме на почетокот на првенството“, изјави Срѓан Захариевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
