Струга Трим Лум оствари важна победа (0-2) против новиот шампион Шкендија и ја продолжи битката со Македонија ЃП за пласман на третата позиција на табелата која носи излез на европска сцена. Тренерот Срѓан Захариевски смета дека борбеноста и желбата за триумф биле решавачките фактори на овој натпревар.
„Прво, би сакал да ѝ ја честитам титулата на Шкендија. Што се однесува до натпреварот, го одигравме во наш стил, со многу борбен дух, и за разлика од претходниот пат, сега успеавме да оствариме победа. Нашата цел е да напредуваме на секој натпревар, а што ќе се случи на крај ќе покаже табелата на 16 мај“, вели Захариевски.
Струга Трим Лум во претпоследното коло го пречекува Вардар, кој се наоѓа на работ на испаѓање од елитното друштво.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













