МАКФУДБАЛ во Прага,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска (15 часот) на „Епет арена“ во Прага го игра можеби клучниот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Многу мака и главоболки ни зададе поразот од Украина во Скопје, мислевме дека ги имаме Украинците во рака по првото полувреме ког водевме со 2-0, но потоа се случи голем пад во нашата игра и Мудрик и компанија тоа го искористија за да слават со 2-3.
Сега дојдовме во Прага да си ги вратиме бодовите што во Скопје им ги дадовме „гага“. И ако успееме во тоа, Прага ќе ни биде посебно драга, а и ќе се впуштиме директно во борбата за втората позиција во групата, пред дуелите со гигантите Италија (во Рим) и Англија (во Скопје), во последниот, ноемвриски квалификациски прозорец.
Селекторот Благоја Милевски вели дека денешниот меч ќе биде сосема поинаков од тој што „несреќно“ го загубивме во Скопје.
„Не е потребно да се трошат зборови за квалитетот на Украина. Има играчи кои играат во топ клубовите. Од друга страна, Македонија многу пати покажа дека може да биде конкурентна со силни селекции. Ме радува нашата форма од септември и се надевам ќе ја задржиме. Денешниот натпревар ќе биде различен од тој во Скопје. Доаѓаме во фаза двете селекции да се борат за втората позиција и само победа би ни одговарала. Очекувам отворен натпревар и допадлив фудбал. Мора да бидеме фокусирани за време на сите 90 минути, а не само 60-65 како што беше во Скопје. Имаме измени во тимовите од јуни, од тој аспект очекуваме да постои разлика од јунскиот дуел. Во составот нема да биде само Зајков, сите останати се здрави, се надевам така и ќе остане. Украинците во својот ростер има голем број на исклучително квалитетни играчи. Сметам дека нема да се почувсствуваат одредени отсуства кај нив“, изјави Милевски.
Капитенот Енис Барди најави дека момците се максимално подготвени и силно мотивирани да се борат за триумф против Украинците, овде во Прага.
„Украина е многу квалитетна репрезентација, има топ фудбалери. Не размислуваме за нивните отсуства, туку само за нашиот тим. Секогаш разговараме за нашите слаби страни и како да се подобриме. Зборуваме за менталитетот кој сакаме да го промениме, се консолидиравме и го надминавме јунскиот пораз. Со самото тоа што го носиме репрезентативниот дрес, значи дека ние сме најдобрите играчи во моментот, не е потребна поголема мотивација. Со Украина играме уште еден важен натпревар за нас, па сакаме позитивен резултат. Мислам дека на првиот дуел имавме пад на концентрацијата, во некои ситници кои може да се казнат. Сите ќе преземеме одговорност, знаеме колку ни значи овој меч“, потенцираше Барди.
Мечот меѓу Украина и Македонија е закажан за 15 часот, а најавено е присуство на трибините на околу 1.000 Македонци.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski