Connect with us

Вулверхемптон го смени Хулен Лопетеги на три дена пред стартот на Премиер-лигата

Англискиот премиерлигаш Вулверхемптон го смени менаџерот Хулен Лопетеги на три дена пред почетокот на новата сезона во Премиер – лигата. Раководството на клубот информира дека причината за спогодбениот раскин на договорот лежи во „разликата во мислењата меѓу двете страни“.


Меидумите на Островот најавуваат дека нов менаџер на Вулверхемптон треба да биде Гери О’Нил, кој минатата сезона го предводеше Борнмут.

Лопетеги дојде во Вулверхемптон пред девет месеци и успеа да го спаси тимот од испаѓање. Тимот во понеделник ќе биде домаќин на Манчестер Јунајтед.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови