
Претстојниот викенд продолжуваат натпреварите во прволигашка и второлигашка конкуренција. Поради тридневната жалост во Македонија за големата трагедија во Тетово, има промени и натпреварите од Вторите лиги Исток и Запад ќе се играат в недела, наместо во сабота.
Како што соопшти владината прес-служба, за денови на жалост се прогласени денес, утре и задутре (четврток, петок и сабота), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија ќе биде истакнато на половина копје.
Владата апелираше до сите општествени чинители да ги одложат сите јавни и приватни прослави, забави, културно-уметнички и спортски настани, партиски и друг тип на промоции предвидени за овие три дена. На овој апел реагираше ФФМ и ги помести второлигашките збуднувања за недела.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski