13 клуба од вторите лиги во домашната фудбалска конкуренција бараат да не се одржи закажаното Изборно собрание на Фудбалската федерација на Македонија. Според клубовите кои се појавија денеска на прес конференција треба да биде формирана комисија во која ќе има членови од Агенцијата за млади и спорт од ФФМ и претставници на клубовите која ќе изработи нов Статут на федерацијата која ќе биде усогласен со важечката законска регулатива во земјава.
Ова како што рекоа претставниците на клубовите е нивното клучно барање – Статутот на ФФМ да биде усогласен со законот за спорт и со тоа клубовите да имаат решавачка улога во собранието на Федерацијата.
Ако не биде исполнето ова нивно барање најавуваат и опција за бојкот на натпреварувањата. Тие се обратија до државните институции со барање да почнат да го решаваат проблемот во ФФМ.
На иницијативата стои дека е во име на прволигашките и на второлигашките клубови. Испратена е до Фудбалската федерација, до Агенцијата за млади и спорт и од УЕФА и ФИФА:
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













