
Најтрофејниот македонски клуб Вардар без засилувањата, кои не беа регистрирани навреме за да можат да настапат на второлигашката премиера, ремизираше без голови против Кораби во Дебар. И тоа е херојско дело за младиот тим на вардарци.
Силекс лесно излезе на крај со Кадино на гости и славеше со 0-3. Стојчевски, Манасиевски и Алиу беа стрелци на головите за составот на Горазд Михајлов.

Воска Спорт го декласира Гостивар на гости со 0-4. Гостивар од 32.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Лавдрим Скендери, а Воска Спорт тоа знаеше да го искористи и славеше со 0-4. Првите два гола беа дело на Изаир Емини и на Шпенд Асани, а потоа стрелаа и Бехар Фета и Арбнор Каба.

Убедлив беше Охрид Лихнидос и го декласира новиот второлигаш Беса со 4-1. Игор Клечкароски постигна два гола за охриѓани, а стрелаа и Борјан Пановски и Виктор Наумовски.
Тетекс ја совлада Велешта со 2-1. Александар Поповски и Нинослав Здравкоски беа стрелци на головите за „текстилците“, а за Велешта погоди Агон Хајредини.
ВТОРА ЛИГА ЗАПАД, ПРВО КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
Кадино – Силекс 0-3
Кораби – Вардар 0-0
Охрид Лихнидос – Беса 4-1
Гостивар – Воска Спорт 0-4
Тетекс – Велешта 2-1

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Галатасарај сака да го доведе и Тер Штеген

Интернационалци
Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор (ФОТО+ВИДЕО)

Евро-фудбал
Стефано Пиоли е нов тренер на Фиорентина

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
Енис Барди потпишува за Коњаспор

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе
